Ruby Meetup: Презентација на 140.mk проектот

Овој Четврток (17.06.2010 од 19 часот во Хаклаб КИКА) ќе го презентираме 140.mk проектот.

140.мк е Ruby on Rails веб апликација, која служи како директориум од корисници и твитови собрани од Twitter. Подоцна, во план е идејата да се прошири со дополнителни / повеќе интересни функции како трендови, статистики и слично. Во 2 недели од своето постоење, веќе има околу 300 регистрирани корисници.

Кодот од проектот можете да го најдете на Github.

Следниве луѓе работеа на проектов:

Концепт и идеја: @darko156, @kuzevski
Дизајн: @drown, @arsovski
Развој: @VortexDNR, @blackflasher
Тестирање: @zuberot, @turpis

Било какви идеи, предлози или луѓе заинтересирани да се приклучат се добредојдени.

Се гледаме во Хаклаб КИКА.

МКРУГ Тим

No comments:

Post a Comment