Python in da hacklab, четврток 10.06.2010

Конечно малку оддишка од разните активности изминатиов период, и повторно се враќаме на редовниот термин во четврток за Python.

Од 19:00 до 21:00 како и секогаш во хаклаб КИКА.

Имаше најави дека ќе дојдат луѓе кои не виделе Python, така што ако се појават ќе одвоиме еден саат на почетокот за нив.

Понатаму, поврзано со муабетите за скалабилност кои веќе сме ги правеле во хаклабот, може да разгледаме како Python-овиот GIL (Global Interpreter Lock) влијае на скалабилноста на интерпретерот и што/како може да се подобри.

А сигурно ќе имаме малку време и за други теми.

No comments:

Post a Comment