Сподели Знаење - 26/06/2010

Сподели Знаење и овој викенд во вообичаениот термин, почеток од ~12:30 до онолку колку ни се седи :)

Овој викенд ќе се обидиме да реализираме неколку проекти од испланираните (http://wiki.lugola.net/Хаклаб/Проекти), специфично Arduino EPROM програмерот и софтер за програмирање и доколку има време ќе чепнеме нешто за X300 на Убунту 10.04.

Воедно ќе имаме и работилница за електроника на која што ќе се дади еден вовед во аналогна и дигитална електроника.

Овој пат може да останиме до покасно, па така препорачаната чек листа :
  • лаптоп
  • пиво (или нешто друго)
  • добро расположение
  • желба за учење нешто ново
Доколку има некој по дома некоја ултра виолетова светилка или неонка, би било добро да ја понеси за да имаме начин да ги бришеме UV EPROM-ите кои ќе пробаме да ги програмираме.

Воедно, доколку успее програмерот, може да пробаме директно да го нарежеме gPXE оперативниот и да пробаме мрежно boot-ирање.

Дојдете и вие на овој интересен настан !

1 comment:

  1. Кога е следниот термин?

    Поздрав.
    Филип Циклевски

    ReplyDelete