Ubuntu 10.04 во хаклаб

Овој понеделник, на редовното Ubuntu прва помош го дочекуваме најновото издание 10.04 со долго годишна подршка. Хаклабот е опремен со сите верзии на најновиот Ubuntu, Kubuntu, Xubuntu, 32bit-ен и 64bit-ен, netbook editions итн. Плус ја имате опцијата за try-before-buy (т.е. тестирање на live дистрибуција стартана преку мрежа), а за секоја инсталација даваме и 30 дневна money-back гаранција.

Па повелете! Локацијата е иста, времето исто - секој понеделник од 19 до 21 часот, Ubuntu прва помош во хаклабот КИКА.

1 comment: