Убунту прва помош 31.Мај.2010

Денеска редовното Ubuntu прва помош во Хаклаб од 19:00.

Ако нема Убунту проблеми, ќе смислуваме прашања за Сталман за неговото предавање во Скопје.

Предавањето на Stallman ќе се одржи во Холидеј Ин од 18:00 до 21:00 часот на 3 јуни (четврток). Richard Stallman - таткото на слободниот софтвер, култна личност во хакерските кругови - на 3 јуни 2010 ќе гостува во Скопје и ќе одржи предавање на темата „Copyright vs Community“ - во која ги споредува режимот на законите за авторски права и нивниот развој наспорти развојот на технологијата и општеството.

No comments:

Post a Comment