Ruby Meetup: RVM (Ruby Version Manager) & Rails 3

Овој Четврток (15.04.2010 од 19 часот во Хаклаб КИКА):

- RVM (Ruby Version Manager)
Ќе видиме како лесно да инсталираме, менаџираме и работиме со различни верзии на ruby околини, од интерпретери до различни множества на gem-ови за секој интерпретер, со оваа одлична алатка која се користи од командна линија.

http://rvm.beginrescueend.com/

- Rails 3.0 beta 3
Ќе дискутираме за новите измени во Rails 3.0 и ќе разгледаме неколку интересни блог постови од заедницата во врска со тоа.

http://rubyonrails.org/

Се гледаме во Хаклаб КИКА.

МКРУГ Тим

No comments:

Post a Comment