Python in da hacklab, четврток 22.04.2010

Овој четврток продолжуваме со Python дружбата „змиско гнездо“ :) во скопскиот хаклаб КИКА. Терминот стандардно од 19 до 21 часот.

Првиот час, ќе се навратиме на некои основите на Python кои веќе ги поминавме и ќе спомнеме за системот на модули и како да се пишуваат сопствени модули и пакети со модули. А вториот час (или повеќе - ако има интерес) би разгледале некои понапредни употреби на python. Зависно од интересот на публиката би разгледале користење на python за:
  • web апликации со Django
  • автоматизирана обработка на голем број HTML страни
  • генерирање на извештаи со template-и во OpenOffice
  • употреба на бази на податоци (sql или не-sql)
  • GUI апликации со PyQt
Ова се само неколку нафрлени теми, би ги разгледале колку има време и интерес. Сигурно ќе останат многу работи и за следниот пат.

пс.
кој сака може да се зачлени на Google групата Python-mk кај што може да продолжи дискусијата или да поставите било какви прашања од нај-newbie до било какви :)

No comments:

Post a Comment