Сподели Знаење во сабота

Секоја сабота во хаклабот КИКА се собираат младите чираци да го учат занатот хакирање. Правење web сајтови, подесување мрежи, администрирање Linux-и, филозофирање за скалабилни системи, програмски јазици, геџети, микроконтролери и општо технологија - тоа се вештините на еден хакер.

Потребен алат: лаптоп или било каков компјутер или машина која може да се програмира и по некој мозок.

пс. веќе неколку саботи по ред се изучува Arduino микроконтролерот и се обидуваме да го врземе на што повеќе електронски компоненти, па и оваа сабота ќе продолжиме.

Хаклаб КИКА, од 12:30 до 17:30 (или така нешто). Повелете. Влез слободен.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.