Ruby Meetup: Програмерски кати и Ruby документација

Овој Четврток на програма се следниве работи:

- Гледање и дискусија за програмерски кати (1)
Ќе гледаме неколку кати со програмирање, а потоа ќе направиме дискусија за нив и генерално како вежбате програмирање и како ги подобрувате вашите програмерски вештини http://codekata.pragprog.com/ http://www.katacasts.com/

- Ruby Core Reference
Ќе објасниме како да читате Ruby документација и ќе погледнеме неколку интересни методи од Ruby core библиотеките http://ruby-doc.org/core/

(1) Програмерска ката е вежба во програмирање која помага за развивање на кодирачките вештини со вежбање и повторување.

No comments:

Post a Comment