Python in da hacklab, четврток 25.03.2010

Овој четврток продолжуваме со Python вечерите во хаклабот КИКА. Времето стандардно, од 19:00-21:00 (плус/минус, обично плус).

Минатиот пат ги поминавме основните податочни типови во Python - броеви, стрингови, листи, хеш табели (dictionaries) - овојпат ќе продолжиме со некои основни конструкции во Python (if, for, try/except) и пишување на првата класа.

PS.
Отворена е и Google група за настанов на која може да се зачлените и да давате предлози за настанов, или да прашувате newbie прашања за Python, а секако и понапредни дискусии се добредојдени. Групата е Python-mk на Google Groups.

(влез слободен, бесплатен и сл. се подразбира нели, да не повторувам цело време)

No comments:

Post a Comment