Овој викенд Сподели Знаење е во Штип

На покана од заедницата на хакери во Штип, овој викенд одиме на екскурзија.

Сабота и недела, 20-21 март, во Штип организираме неформална анти-конференција по теркот на Сподели Знаење и NSND. Темите ќе бидат издвоени од сето она што сме го правеле во хаклаб КИКА и на Сподели Знаење овие неколку години (програмирање со Python, Ruby, можеби Erlang и Go, мрежна и Linux администрација, хардверски хакирања итн).

За голем дел од конкретните предавања и активности ќе се договориме на самиот настан, но дел од идеите и предлозите се запишани на http://wiki.lugola.net/NSND/2010/Штип и http://wiki.lugola.net/Предлог_програма_за_СподелиЗнаење .

Па, ако сте во близина на Штип, поминете. Може ќе научите нешто или можеби ќе споделите нешто од своето знаење. Или можда само ќе се дружиме со гиковски муабети :)

Настанот ќе биде во средното училиште „Коле Нехтенин“, кое се наоѓа на влезот од Штип.

No comments:

Post a Comment