После Сподели Знаење...

Оваа сабота на Сподели знаење:
- Конфигуриравме верзија на Peg_DHCP со pool од 10 ип адреси.
- Ја средувавме PXE netboot околината во хаклабот. Додадени се Ubuntu, Ubuntu Netbook Remix и Gparted live линукси да се подигнуваат од мрежа.
- Го доконфигуриравме squid-от за да биде компатибилен со приватноста на тие што се во Хаклабот.
- Не успеавме да се врземе на сериска порта на рутерите.
- Овозможувавме ipv6 zeroconf на нови лаптопи.
- Ништо не правевме со „Dell Wireless 5530 HSPA Mobile Broadband Modem“ пошто работи од прва.
- Не успеавме Андроид 1.5 да го врземе како 3г модем на лаптоп. Ќе чекаме упгрејд на Андроид 1.6 или 2 на Самсунг телефонот.
- Го чистевме на Хаклабот.

До следниот пат.

No comments:

Post a Comment