Ruby Meetup: MongoDB и NoSQL, OAuth и Twitter со Ruby (24.12.2009)

Последната Ruby средба за 2009та, ќе биде овој Четврток со следниве теми:

- Вовед во MongoDB (1), негово користење на Ruby проекти и општа дискусија за NoSQL.
- Вовед во OAuth (2) и кодирање Twitter апликации со Ruby и Ruby on Rails.
- Паралелно (оние што нема да можат да дојдат во Хаклабот) ќе има Google Wave https://wave.google.com/wave/?pli=1#restored:wave:googlewave.com!w%252BrU0AHbCyD.5 за ruby.mk проектот http://github.com/mkrug/ruby.mk, со фокус на парсирање различни фидови од МК Ruby кориснички блогови, delicious канали, twitter сметки и слично.

Датум и локација: 24ти Декември 2009та во 19 часот - Скопје Хаклаб (КИКА).

(1) документ-ориентирана скалабилна база, без шема, со отворен код и високи перформанси, напишана во C++
(2) отворен протокол кој дозволува корисниците да делат приватни ресурси (т.е. слики, видеа, контакт листи) од еден сајт на друг без користење на нивното корисничко име и лозинка

No comments:

Post a Comment