Ruby Meetup: Rack, Sinatra, Git, Github and Open Source Collaboration (26.11.2009)

Од овој Четврток започнуваmе со серија на средби на кои ќе бидат презентирани следниве теми:

- Rack - Ruby Webserver Interface : Минимален интерфејс помеѓу веб серверите што подржуваат Ruby и web frameworks напишани во Ruby.
- Sinatra - мал и лесен Ruby framework за креирање едноставни и брзи веб апликации и веб сервиси.
- Како да направите свој Ruby framework над Rack webserver interface-от.
- Git турлитава - Ако имате нешто да споделите, бурјум.
- Github - Започнуваме соработка на проект со отворен код.

Ќе ги изучиме алатките кои ќе ги користиме на реален проект со отворен код - ruby.mk кој ќе претставува едноставна Sinatra веб апликација која ќе собира содржини од twitter / rss фидови и слично, од ruby.mk корисниците. Понатаму може messaging queue да ставиме и имплементираме chat, да направиме некој веб сервис и слично, сите идеи се добредојдени.

Се гледаме во Хаклабот.

МКРУГ Тим.

No comments:

Post a Comment