Firefox роденденска прослава - Скопје, 9.11.2009 19 ч. [ФЕИТ]


(Преку Мозила Македонија)

Вака народе. За прослава на 5-от роденден на Firefox се организира забава на ФЕИТ Универзитетот во Скопје.

Време: 19:00 - 21:00
Место: Барака 3 - ФЕИТ

Light the World with Firefox
Донесете со вас мобилен кој поддржува Bluetooth, Infrared или интернет, во план е да се направи "Light the World with Firefox" слика од Македонија
Тоа значи дека на сите ќе ви ја префрлиме сликава или сами симнете си ја и ставете ја на телефонот од дома, и потоа кога ќе се собереме сите ќе направиме групна слика каде што сите ќе ги држат своите мобилни со Firefox сликата!

Ќе има пијачки, ќе има торта, ќе има кратко предавање за интересни работи поврзани со Firefox и секако Firefox пакетчиња за посетителите

Ве чекаме да дојдете!
пс. пријавете се овде ако доаѓате

No comments:

Post a Comment