КИКА: Конкурс за лого

Драги пријатели,

Потребна ни е Ваша помош за дизајн и избор на лого за првиот Хаклаб во Скопје: КИКА. Сите предлог решенија можете да ги испратите на info ет slobodensoftver.org.mk до 24ти октомври 2009г. во векторски формат (пожелно е SVG) и една копија за преглед (пожелно PNG).

Инаку КИКА (Кика е: Информации: Култура: Автономија) е првата технолошка автономна зона - хаклаб, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните медиуми базирани на социјалните мрежи.

Не поставуваме никакви дополнителни ограничувања бидејќи сакаме да ја искористите Вашата имагинација и да креирате нешто што Ве асоцира на некои или сите од клучните зборови објавени во овој пост.

5 comments:

  1. pa probajte vaka nesto, barem e poznato i logoto:

    http://www.kika.com/hr/home/

    ReplyDelete
  2. Прво мора да дадете насоки и некој бриф, овака само ќе се лута и тешко некој да ви ги погоди барањата.
    Второ, мора да има некој поттик, награда за логото, не мора парична, не знам колку луѓе би го правеле тоа за џабе, а и да има не знам колку таквото би било квалитетно.
    Трето, со среќа :)

    ReplyDelete
  3. Резултатите кај можат да се најдат?

    ReplyDelete
  4. Па. уште ништо не е одлучено чинам. Слаб одзив имаше конкурсот. :-)

    ReplyDelete