Официјално отварање на првиот хаклаб во Скопје: КИКА

Драги пријатели, ве покануваме да дојдете на журката по повод отварањето на првиот хаклаб во Скопје. Журката ќе биде во самиот хаклаб оваа сабота (17.октомври.2009) од 21:00 (па натаму), и ќе биде придружено со настап на бендот „Силви Бонд“.

Хаклабот КИКА (Кика e: Информации. Култура. Автономија.) е реализација на долгогодишната идеја за еден јавен простор - да го наречам технолошка автономна зона - кој ќе се занимава со технологијата и нејзиниот пресек со културата, новите медиуми и општеството. Таков простор веројатно му недостига на градов и ова е еден обид да се пополни таа празнина.

За почеток, главните настани во рамките на КИКА ќе бидат веќе традиционалните „Сподели Знаење“ и „Сподели Кино“, а најверојатно тука ќе се случуваат уште и Ruby.mk meetup средбите, „Убунту прва-помош“, „Роботика“ и уште нешто. Програмата сеуште се спрема и секаква помош е добредојдена. Посебно ни се потребни луѓе кои ќе учествуваат во улога на ментори или предавачи.

КИКА е јавен простор, што значи отворен за секого, и по потреба располага со проектор, интернет, маси и столчиња за 30-тина луѓе, а во договор со „цимерите“ може да се користат и повеќе од просториите. Се надевам дека овој простор ќе заинтересира доволен број млади луѓе кои во меѓусебна соработка ќе успеат да го развијат својот потенцијал.

Па повелете на журката!

4 comments:

  1. кул... интересна работа... :))

    ReplyDelete
  2. линкот до „програмата“ е сјебан

    ReplyDelete
  3. пробав да се логирам на spodelikino.blog.com.mk со некои вообичаени лозинки и не ми успеа. па пробав да го објавам ова на mozilla.blog.com.mk за нешто да има за настанов на тој дел од интерент, али не ми дава да пастам текст... „terminated because of corrupted data“ ми вика. тоа.

    ReplyDelete
  4. линкот до програмата си работи кај мене???

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.