Сподели Знаење 31.10.09: Повторувањето е мајка на знаењето во хаклаб КИКА од 12 и нешто часот


Пошо минатиот пат првпат правевме Сподели знаење во КИКА, бевме премногу возбудени почнавме 100 работи и ниедна не завршиме, направивме комплетен хаос во хаклбот, ама сега знаеме како да се организираме. Бидејќи повторувањето викаат било мајка на знаењето, темите се следниве

  • Подобрување и интегрирање на инфраструктурата за објавување на настани и случувања во хаклабот
  • Започнување на тековни проекти кои ќе се одвивиаат на повеќе Сподели Знаење и ќе резултираат со готови производи или веб проекти кои ќе се користат од пошироката јавност воглавно во насока на подобрување на сегашни веб места кои нуда информации во многу рудиментиран облик, без пребарување, истражување или споредба, без архива или историја
  • Купување боја за проектот за реновирање и фарбање на хаклабот
  • Средување на драфт верзија на куќниот ред на КИКА за да може да гласаме
  • Решавање на проблемот со греење Илин има решение
  • Разно :)
Почнуваме нешто после 12 на пладне

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.