Сподели знаење 26.09.09

Како и (речиси) секоја сабота и оваа ќе споделуваме знаење. Присуството како и секогаш е пожелно. Оваа сабота (веројатно) ќе имаме вовед за екстензии за Gооgle Chrome и евентуално нешто од овој тип ако знаеме.

Ќе продискутираме малку повеќе околу хаклабот и работите што треба да се направат (куќниот ред, TODO листата, идеи, планови, програми итн.).

Како и секогаш секој што има проблем со линукс, убунту (или која било друга дистрибуција), слободен софтвер, гаџет, нешто друго што би не заинтересирало може слободно да дојде и ќе пробаме да го решиме.

Гостите и тие што планираат да дојдат за прв пат - понесете си лаптоп, поинтересно е!

Почнуваме од 12:00 до кај 16-17:00 на вообичаената локација.

No comments:

Post a Comment