СподелиЗнаење, 7 март 2009

Редовно СподелиЗнаење, секоја сабота од 12:00 до 17:00. Овојпат идејата е да видиме што е целата фасцинација од Bespin.

Bespin е нов проект на Mozilla за програмерски едитор направен со HTML-5 технологии кој работи во browser. Една од главните придобивки на едитор кој работи во „облакот“ е можноста за колаборативно уредување на содржината. Интересно дека во Bespin работат повеќето финти на кои сме навикнати во обичните (десктоп) едитори - но останува да видиме на лице место како (и дали) сето тоа функционира.

Друго на агендата е и разгледување на платформата eBox за менаџирање на корпоративни мрежи .. Овакви платформи постојат многу и сите се некако пре-нападни или пак пре-сиромашни. Можеби eBox е светиот грал :).

И како и секогаш.. поголем дел од времето се слободни активности, хакирање, решавање проблеми и сл.


пс.
продолжуваме и со Arduino

6 comments:

  1. Не испробавме којзнае што, но барем може да се пофалиме дека Фуџитсу лаптопите преживуваат по истурена вода на тастатура.

    ReplyDelete
  2. Па незнам за тебе, но Bespin го изанализиравме прилично добро, плус го врзавме со nginx ... заклучокот беше дека Bespin е сеуште во многу рана фаза на развој .. но идејата е добра и ми се чини го очекува добра иднина.

    ReplyDelete
  3. Па... морав така малку провокативен коментар да оставам за некој плус да напише нешто. Како инаку? :-)

    ReplyDelete
  4. ... заклучокот беше дека Bespin е сеуште во многу рана фаза на развој .. но идејата е добра и ми се чини го очекува добра иднина...

    Хаха, ова ко GNOME звучи, или по ново ко KDE4 ;-)

    ReplyDelete
  5. Значи го хостиравте bespin на nginx на лапоп/pc?
    или уште нема можности за хостинг?

    Многу ме интересира тоа :)

    ReplyDelete
  6. bespin има backend кој е направен во Python и да, може да се симне од страната на Bespin. Го инсталирав (што е прилично едноставна процедура, има 3-4 команди во README-то, ги пишуваш и толку) на лаптоп.

    Еден проблем беше дека никако не можев да го натерам backend-от да слуша на друга адреса освен 127.0.0.1, па згодно дојде со nginx да го proxy-ирам за да можат другите од мрежата да се поврзат.

    ReplyDelete