ФОСДЕМ 2009


Благодарение на мејлинг листата на оссм дознав за ФОСДЕМ. Бидејќи се одржуваше во Брисел, 2 часа со воз од моето место на живење - не се двоумев дали ќе учествувам. Ќе се обидам накратко да опишам што се случуваше на оваа конференција за развивачи на слободен софтвер.

Се започна релаксирано вечерта 6.02.2008 во Делириум кафе бар кој нудеше 25 видови на пиво на точење и уште многу повеќе флаширани пива. Многу интересни и забавни луѓе, 25 видови на точено пиво и секако гратис пиво од гугл!

07.02.2009 – Оофицијален старт на конфеенцијата во 10.00ч. Преку 1000 учесници кои постојано влегуваа во салата со капацитет од 1400 седишта. Воведната презентација од организаторите на ФОСДЕМ извлече насмевка и нетрпение од сите нас.

Воведните предавачи ги вклучуваа Марк Шурман (Mark Surman,извршен директор на Фондацијата Мозила), Бдејл Гарби (Bdale Garbee, проектниот секретар на Дебиан) и Лесли Хауторн (Leslie Hawthorn, Гугл Лето на кодот). Марк Шурман воглавно зборуваше за мисијата на Фондацијата Мозила, нивната цел кон отвореност и партиципација кон интернетот. Нивен успех и понатамошна мисија останува концептуалната мапа: проучувај, копирај, измени, сподели.

Бдејл Гарби продолжи со претставувањето на Дебиан, досегашни успеси и понатамошни цели, улогата која Дебиан ја има светот на слободниот софтвер, како и нивни искуства кои можат да помогнат кај останатите слободен софтвер проекти.

Лесли Хауторн се наврати кон успехот на Гугл Лето на кодот, ги сподели нејзините искуства како community manager и и понуди на публиката стратегии за започнување на нивна иницијатива за партиципација на слични настани.


Од овде започна бркотницата по конференциски сали, трка на стотина метри на време да се пристигне на предавањата кои ги имаше во огромен број.

Конференцијата се одвиваше истовремено во три објекти и 8 конференциски сали. Паралелно со главните сесии, се одвиваа 30 летечки презентации: кратки 15 минутни презентации на теми различни како Музичка нотација MuseScore, GNU TLS сигурносна библиотека, TikiWiki вики, Bazaar контрола на верзии и.т.н.

Особено популарни и најпосетени беа развојните простории. Овде избрани проекти можеа да си организираат сопствен распоред: презентации, брејнсторминг или сесии за кодирање . Иста развојна соба во недела имаа KDE, GNOME и XFCE проектите како и Fedora и CentOS, embedded, Drupal, X.org, Ruby on Rails.

Еден од интересните настани кои се случуваа беше и забавата за потпишување на пгп клучеви со цел да се зацврсти довербата и изгради врска со некои од учесниците на овој настан. Дел од учесниците имаа можност да го испратат својот пгп клуч на сервер посочен од организаторите. Потоа со твојот клуч потпишуваш сертификат испратен од организаторите, ги печатиш сите испратени клучеви и во недела од 12-14ч во редица го споредуваш својот клуч со дел од учесниците на овој настан, проверување на идентификација и та-да! Склучивме ново пријателство! Мошне интересен настан, но со желби следната година да биде се случува во затворена просторија – се измрзнавме надвор!

Организацијата беше на беспрекорно ниво, информации, патокази, мапи, одличен официјален веб сајт со се она што ви е потребно за релаксирано да ја следите конференцијата. Бесплатна безжична покриеност во главната зграда потпомогнато од еден од спонзорите на ФОСДЕМ циско, кетеринг сервис, прва помош и тел. за интервенции, изгубено/најдено, просторија за оставање на личниот багаж и облека, огранизиран бесплатен транспорт до жележничката станица и други погодности беа само дел од сето она што организаторите на ФОСДЕМ ни го понудија. Во ходникот на главната зграда се наоѓаа импресивни штандови на Ubuntu, Fedora, CentOS, KDE, GNOME, Mozilla Foundation, OpenOffice.org, o'reilly и уште многу други познати foss имиња. Воедно значајно е да се напомене и дека за време на одржувањето на конференцијата имаше опција за полагање на LPI испити, по одлични услови.


Како заклучок, можам да наведам само дека ова беше одлично огранизиран, не-комерцијален настан за развивачи на слободен софтвер, од заедницата за заедницата. Благодарејќи на огранизаторите ФОСДЕМ беше место за заедниците кои развиваат слободен софтвер за да се сретнат со други развивачи и проекти; посетителите да бидат во тек со последните настани во светот на слободниот софтвер; голем број на платформи за говори и предавања на лидерите на заедницата околу слободниот софтвер и промоција на развојот и добивките од слободните производи.


Учеството и присуството на FOSDEM е бесплатно и слободно. Без регистрација и котизација.


Фотографии [тука]

2 comments:

  1. what's it all about :)
    http://picasaweb.google.com/jocika/FOSDEM2009#5300510181367902194

    него ова мозоков *ние* први го измисливме :) .. само не можам да го најдам флаерот што го правевме TED на Сподели Кино

    ReplyDelete
  2. Фала ти за репортажата, ме потсети на тоа колку е јака атмосферата, ептен фура, мора барем на еден таков поголем настан да се иде годишно за да ти трае до наредната година мотивацијата. :)

    ReplyDelete