Микро-контролери на сподели знаење, сабота 17.01.2009

По паузата за зимскиот распуст (Берлин, празници, собрание) оваа сабота (17.01.2009) продолжуваме со Сподели Знаење. Во следниот период воведуваме нова постојана активност, а тоа е хакирање на микро-контролери.

Дедо мраз од Берлин ни донесе две развојни платформи Arduino Duemilanove со кои во следниот период ќе го истражуваме светот на микроконтролерите, embeded програмирање и поврзување со вистинскиот свет. Тоа е првиот чекор кон правење на армија на роботи-терминатори со кои ќе го освојуваме светот (или во подосадната верзија - совладувањето на вештината за работа со микроконтролери ви гарантира вработување и во македонија и во светот - boring).

Оваа сабота за почеток ќе се запознаеме со хардверот и основните концепти на Arduino платформата, ќе ја споредиме со некои други слични платформи, може и ќе приклучиме некои диоди или моторчиња - ако има.

За понатаму ќе се договориме, но мој предлог-идеја е секоја сабота понатаму на Сподели Знаење да одвоиме саат-два за зезање со микроконтролерите, па можеби дури и да реализираме некој конкретен проект.

пс.
досега не било „официјално“ кажано, но постојан дел од Сподели Знаење е и решавање на генерални проблеми со Linux, инсталирање, драјвери, wifi, звук и слично. Можеби треба да дефинираме и суб-термини?

Место и време исто, од 12:00 до накај 18:00, локација иста.

8 comments:

  1. Надвор е -10 степени целзиусови, ептен сакам да го видам ардуиното во акција, ама сепак мислам дека не е нормално да идеме на стара локација да се испоразболиме..

    ReplyDelete
  2. 1) можеш да предложиш подобра локација
    2) има греење
    3) не биди пиче

    ReplyDelete
  3. 1) точка, клуб на новинари
    2) недоволно за тој простор, плус штетно делува на очите и мора да се гаси поради тоа што повторно влијае на температурата
    3) само сум реален и несакам да се разболам а и не само јас, туку и другите. лекови + доктори = бљак

    ReplyDelete
  4. точка не работи, во клуб на новинари нема услови

    ReplyDelete
  5. Со оглед дека:
    1) мотото на Сподели Знаење е „се случува освен кога има елементарна непогода“
    2) до денес не се смисли /договори алтернативен простор

    ве известувам дека Сподели Знаење ќе се случи според планираното како што пишува горе во текстот.

    ReplyDelete
  6. Ако има некој рутер би било супер да го донесе затоа што моментално немаме. Уште ако е некој Linksys би било идеално.

    ReplyDelete