25C3: Првиот ден...

Македонската екипа сместена во Oddyssey хостелот, опремена со 7 дневна S+U Bahn карта за Берлинскиот систем за брз превоз, кај 11:30 часот се упати накај Берлинскиот конгресен центар користејќи ја U5 линијата накај Александар плац.

Марцел ден претходно не извести дека благодарение на него и Ханес македонската и хрватската екипа ќе биде додадена на листат на гости и ќе влезе бесплатно на конгресот. Мал придонес на CCC и голем на Ханес, за поголемо учество на хакери од југоисточна европа на конгресот.

На вратата се поминува во беспрекорно, навремено и средено како Германци да го организирале ;-).

Утринските предавања вклучуваат централно предавање за „Заштита на податоци и технологии на набљудување“ очигледно горлива тема во Европа а делумно и кај нас. Секако нивото на дискусија овде е повисоко, презентацијата ја држеше професор по филозофија секако не во неговите 60-сетти туку некаде во 30-тите години. Излагањето беше солидно, аргументите бешее дека секогаш е потребно да се донесување здраворазумски одлука и став во врска со заштитата на податоци и системите на набљудување базирано на контектсот и случајот за кој се дискутира.

Сепак решенијата останаа на зголемување на затворските казни за манипулација на податоци на над 10 години и поцврста имплементација на законите и регулација од страна на регулаторното тело, прашањето е дали има и други начини и решенија?

Друго предавање беше за „играње“ со читачи на кредитни и дебитни картички со магнетна лента. Прикажа неколку типови на читачи и заштитата која ја имаат за да не смеат да се отворат т.е. кога ќе се отворат да им се избришат клучевите со кои се енкриптираат кон банката....ама покажа и како тие пристапиле. А потоа бидеќи главната поента на нивното истражување е што пинот од тастатурата (Pin entry device) до пос терминалот (процесорот на пос терминалот) се праќа не енкриптирано и може да се снифира. Прикажа интересно видео на ББЦ каде фатија во тесно преставник на асоцијацијата на Банки во Британија (го има на горниот линк).

Hackerspaces.org беше отворена дискусија за тоа што се случило минатата година т.е. успешните приказни за отварање на Хаклабови по Европа и Америка. Хаклабовите од Њу Јорк, Вашингтон, Виена и Париз опишаа што тие правеле и како ги отвориле своите хаклабови. Има 2 типа на хаклабови демек едните примаат било кој што ќе дојде да плаќа 50 долари месечно (Вашингтон и Сан Франциско пример) а Њу Јорк се малку позатворени и треба во суштина да те запознаат за да те примат. Главната поента е дека членовите плаќаат членарина што за нас може е многу но тие така функционираат. Исто битен детал беше дека раководствата во суштина се само модератори и дека ги бркаат досадните работи (со државни институции и сл.) но и дека многу е битно да има прилив на нови луѓе за да ги заменат барем на 1-2 години бидејќи брзо се трошат и им станува досадно на тие што ги бркаат овие досадни работи.

Pawning the Iphone од тимот кој го отклучи/отклучува Iphone беше многу интересна презентација, исто како и таа на Dan Kaminsky.

Видeaта во живо а потоа и снимките ги има на http://events.ccc.de/congress/2008/wiki/Documentation.

No comments:

Post a Comment