Сподели Знаење 29.11.2008

Сподели знаење оваа сабота на 29 Ноември 2008 на стандардната локација http://rdr.to/xe во стандардниот термин од 12 до 17 часот.

Дел од агендата (што направиме направиме, другото следен пат):
  1. Дамјан рече дека ќе објасни како се билда прилагоден openwrt линукс за вифи рутерите.
  2. Ќе имаме неколку принтани линукс маскоти, хал900 маскоти ако донесе некој ножички и охо лепак ќе ги правиме.
  3. Јас ќе објаснам како да го заштитите вашиот Iphone да не ви го „хакираат“ во јавна wifi мрежа. Ќе прикажам и видео како се „хакира“. Ако имате отклучен Iphone би било убаво да го донесете.
  4. По идеја на Новица и софтверски и хардверски ќе имплементираме кирилична Дворак тастатура. Ако имате стара тастатура донесете ја.
  5. Јован ќе ни објасни како да контролираме програми со AnyRemote преку мобилен.
  6. Се останато што може да им текне на присутните (еве некои идеи)

3 comments:

  1. абе многу е ладно, не знам дали јас ќе дојдам утре во гаражата

    ReplyDelete
  2. Нова изолација има плус греење.

    ReplyDelete
  3. Последниве две Сподели знаење беа многу добри, едукативни, интересни, забавни и смешни.

    За ладното, ако има некој идеа нека предложи, може се да се направи.

    ReplyDelete