Нова сезона Сподели Знаење оваа сабота

Оваа сабота, 20.09.2008 ја почнуваме новата сезона на „Сподели Знаење“. Сподели знаење ќе продолжи со истиот формат - прилично ad-hoc собир на кој се растресуваат секакви теми за слободен софтвер, технологија, геџети и слично. Идеи и предлози за теми ставајте на wiki страната.

За оваа сабота е предвидена презентација на CouchDB, еден прилично нов поглед кон базите на податоци. CouchDB не е SQL база, не е релациона база, нити складира табеларни податоци (колони и редови). CouchDB е дистрибуирана документ база, во која податоците се складираат со слободна структура. Индексирањето се прави со map/reduce функции што овозможува базата хоризонтално да скалира до бескрај (да работи паралелно на повеќе компјутери).

клучни зборови: map-reduce, ACID, distributed, fault-tolerant, REST, HTTP, JSON

Кој ќе се интересира за ова, може да дојде и со готов модел на база или сличен проблем и да видиме како тоа би се решило на CouchDB начинот.

Исто така, во сабота ќе зборнеме и за организирањето на Software freedom day (ден на слободен софтвер), кој што ќе прави, што ќе треба и сл.

1 comment:

  1. Има ли јунак да ми помогне да го заменам WinXP со некој Linux на мојот нов Acer AspireOne?
    Преферирам Ubuntu, но...

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.