Firefox и сл. на СподелиКино, 25.06.2008 г. во 20:30 ч. [Точка]

Во последното кино месецов, мора да се оддолжиме со тоа што конечно ќе го пуштиме BigBuckBunny (по две најави :)).

Но, на програмата ги планираме и документарниот филм за објавувањето на изворниот код на Нетскејп од кој започна проектот Мозила. Филмот се вика Code Rush, и последното официјално издание му е на видео касета. Сепак, има добри луѓе и ете, го има и на Интернет.

А за да продолжиме уште малку со промоцијата на Firefox 3, можеби и ќе пуштиме некое од видеата кои ги објаснуваат можностите на најновата верзија на прелистувачот. Повеќе за овие видео учебници има на mozilla.blog.com.mk.

No comments:

Post a Comment