Сподели кино ... НЕ 11, туку 18 јуни 2008 во 20:00 ч. [Точка]



По известувањето од Точка дека таму е зафатено цела недела, ова кино го преместуваме за 18-ти. Сепак, планот за средба со студентите од филолошки останува, па ако нема место за муабет во Точка, таму само ќе се собереме па ќе одиме на друга локација.

Овој пат СподелиКино ќе биде без некоја посебна агенда. Ќе пуштиме сигурно некое кратко филмче, како на пример BigBuckBunny, а можеби и нешто друго... можеби некој краток TED или слично.

А, ако сѐ оди по план, останатиот дел од вечерта ќе биде мала дискусија за локализација на слободен софтвер заедно со група студенти од филолошки факултет.

No comments:

Post a Comment