СподелиКино за музика на Интернет, 17.04.2008 во 20 ч. [Точка]

Оваа среда „Точка“ е зафатена со друг настан па затоа киното е преместено во четврток. Часот е 20 како и секогаш, а темата е музика на Интернет.

Планот беше да пуштаме едно предавање на Сет Годин за музичкиот бизнис, но бидејќи го нема тоа на Интернет (авторот го тргнал) останува да се занимаваме со другите работи. Значи:

1. Пуштаме видеа од македонски песни објавени на Интернет. Видеата ќе бидат од YouTube. Ако има кворум може и да има дискусија за ова како модел за промоција. Ако имате предлог за некое видео, допишете го во коментари.

2. Ќе видиме како се симнува музика од MySpace со помош на Firefox.

3. Може ќе го пуштиме „Танцува со мечките“. :-)

4. Други идеи се добредојдени.

Се гледаме на кино.

3 comments:

  1. Можеби може да одат видеата за NIN Ghosts Festival и ?

    ReplyDelete
  2. А јас можам да донесам (и ќе донесам) видео од последната епизода на Discovery документарецот Download: The True Story of the Internet: E4 People Power, има интересен сегмент за музика.

    ReplyDelete