Интермецо

Денес е втора среда како не се одржува Сподели Кино. Културниот центар точка, нашите домаќини имаат планирано некои настани поради кои паузираме веќе втора недела.

Но, сепак нешто се подготвува додека навидум работите изгледаат мирно на површинтата.

Акцијата за донации беше успешна, им благодариме на сите кои донираа за набавка на проекторот, кој и деновиве треба конечно да го купиме и со тоа ќе решиме два проблема.

Прво, Сподели Кино ќе си продолжи со оддржување, очекуваме и г-цата Би да ни се придружи во нешто потоа, и најважно од се започнуваме со Сподели знаење (УРА!!!) терминот уште не е познат, ние типуваме на сабота од 10 или 12 до кога ќе можеме.

Еве јас уште сега пријавувам Основи на градење на теми во Друпал или инсталација на Друпал за почетници :)

За останатите теми посетете го викито, има интересна секција кој би било згодно секој да ја пополни, што знае и нуди да сподели и што некој не знае а сака да биде споделено за да научи.

3 comments:

  1. >> Основи на градење на теми во Друпал

    Ова е одлична тема.
    +1

    ReplyDelete
  2. Додадов на викито точка за тестирање на софтверот на ПИОМ под GNU/Linux. Теоретски би требало да работи, останува да се проба и ако работи да се презентира како се стигнува до решението.

    ReplyDelete
  3. „г-цата Би“

    Зашто ова ми делува малку дискриминаторно, дури и саркастично?

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.