Ден после Сподели Кино

Пост за импресиите од синоќешното СподелиКино.

Публика:

Имаше многу луѓе. Над 50 со сигурност, но сите некако се снајдоа (со стоење, седење) и го изгледаа до крај. Штета што не носевме апарат па се убаво да се документира.

Промоција:

За прв пат филмот одеше со оверлеј логото на сподели. Пред да почне филмот го пуштивме саундтракот, а на екранот стоеше сплеш скринот со 2с.мк прикажан подолу.

Објаснивме за што е СподелиКино, за слободните лиценци и пиратеријата, за слободната култура и можноста на сите да се вклучат во настанот. Ги промовиравме блоговите на сподели кино и сајтот на слободен софтвер.



Технички проблеми:

За прв пат, колку што јас знам, филмот беше спремен, аудиото беше истестирано, проекторот беше фокусиран и настанот почна во точно време.

Но, бидејќи досега не ни се случило превидовме два моменти:

* · Преводот беше со бели букви и не се читаше на многу светли позадини. Фала богу што немаше премногу такви.
* · Втора работа беше што на многу гласните места на филмот се губеше звукот. Тоа изгледа не можеа да го издржат звучнците.

Споделување:

Имаше луѓе кои сакаа да го добијат филмот и си носеа флеш усб стик па им го преснимивме, но имаше и такви кои дојдоа неподготвени.

За дел од нив, кои имаат можност, еве линкови до:

* · торент за филмот
* · торент за англиски превод
* · торент за саундтракот

Тие кои немаат можност да го симнат, нека пишат во кометар ќе им го снимам филмот и во среда нека донесат 1 празно двд или 2 празни цд-а.

За следното СподелиКино:

Имаме веќе неколку предлози. Ќе ги сумирам и ќе ги ставам во последен пост за да можат да се искажат мислења.

Голема благодарност:

До Дарко за компјутерот на кој го пуштавме филмот, за помошта и посветеноста и моралната поддршка.
Без него сето ова немаше да биде можно

линк до оригиналот: Сподели Кино.

No comments:

Post a Comment