Интеракција на сегашноста со иднината на Сподели Кино во среда

Среда 13.02.2008 во 20 часот
Локација: Точка

Оваа недела дупла доза Сподели кино!
Две 45 минутни документарки за сегашноста во интеракција со иднината.

Прва порција:
Уште еден „road trip“ низ непознатите територии на умот и новите патеки на технологијата.
„No maps for these territories“ со Вилијам Гибсон the prequel (претходницата).
Продолжение (пред должение) на делот од филмот кој го беше прикажан претходната среда.

Незавизноста на деловите дозволува секој шо не стигна претходната среда, да може слободно да се вклучи оваа. Како бонус, овој пат ќе имаме подготвени копии од филмот, кои слободно ќе се делат на заинтересираните во комбинација со Fedora 7 на македонски.

Втора порција:
Следните 45 минути ќе продолжиме во истиот дух. Ќе ја гледаме епизодата „The City“ од трилогијата „2057“. Научно фантастична документарка која ни го покажува светот по 50 години.



Во овој дел ќе го видиме градот:

- Kаде што децата се придружени од своите холограмски љубимци, автомобилите го предвидуваат нашето однесување, домовите се потполно автоматизирани и комуницираат со нас, а полицијата патролира низ киберспејсот кој е насекаде.

- Напредни хуманоидни роботи се дел од животот, древни вируси (тоа би биле денешните) можат да предизвикаат целосен пад на системот, но биометрискиот систем е толку развиен, што никој не поминува незабележан, а светските архиви и библиотеки ги  чуваат податоците на холографски кристали.

На крај, во зависност од условите и заинтересираноста, би можела да се развие дискусија на темата
вклучувајќи ги нашите визии за слободната култура во иднината.

Слободна територија: Сподели Кино  

2 comments:

  1. Неверојатно глуп филм беше овој 2057.

    Ама понекогаш можеби е добро да изгледаш и некој таков, пошто иако беше сериозен документарец, мене ми изгледаше на одлична пародија.

    А и дискусијата после беше супер!

    :)

    ReplyDelete
  2. Филмот го избрав токму поради тоа што беше екстра популарен (и глуп :) и што влечеше за јазик и отварање дискусија.
    Ако пуштаме све фини филмови што идат во иста линија со нашите сфаќања, нема да сме спремни со соочување на другата страна и различните погледи на светот.
    Мислам дека добро ја испративме идејата до публиката.

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.