СподелиКино е преместено во среда, СподелиЗнаење чека подобри времиња

И официјално, СподелиКино е преместено во среда. Наместо секој втор вторник, проекциите се одржуваат секоја среда од 20 часот во Точка. Овој термин се преместува само ако во Точка има некој друг настан кој од некои причини мора да биде одржан во среда. Сѐ уште можете да ја погледате предлог програмата за да видите што смислуваме за киното, а и за да напишете некоја ваша идеја.

СподелиЗнаење од друга страна е ставено на пауза. За да имаме СподелиЗнаење генерално ни е потребен простор со Интернет (и проектор). Местото значи не мора задолжително да биде ФЕИТ (ЕТФ) иако ние сметаме дека тоа е добра локација. Сеедно, штом не можеме да добиеме помош од студентите, разгледуваме и други опции. Предлози се добредојдени.

No comments:

Post a Comment