Сподели кино 2.08 според Bi: Ден потоа

Bi на својот блог пишува за вчерашниот настан во Точка:

Знам дека можеби е лејм, ама имам потреба да кажам како помина СподелиКино и Ghost in the Shell вчера.

Супер! Иако можеше дури и подобро. :)

Подетално, како и зашто беше:
Имаше заинтересираност. Се собраа прилично луѓе кои сакаа да го гледаат, а и на крај останаа прилично кои беа расположени за дискусија во врска со темата и идеите во филмот. Јас припремив една скромна презентација со некои клучни точки околу кои се дискутираше, а може во проширена и разјаснета форма да ја постирам и тука на блог.

Луѓето имаа трпение. Првично беше замислено филмот да оди со оригинална јапонска синхронизација и англиски титл, но поради аудио форматот кој беше 5 канален и немањето време да се приспособи на стерео излез од технички причини, мораше да одиме со бекап верзијата со англиска синхрнизација и хрватски превод. Е после преводот идеше со погрешен енкодинг ама луѓето беа подготвени и за синхронизирано мисловно декодирање и претварање на Љ во Ч или p во џ... Но и тоа има некој хакерски шмек, а и поука за во иднина. ;)

Како и да е дечките од слободен софтвер кажаа дека оваа осма по ред епизода за овој циклус на сподели кино поминала досега најуспешно (изземајќи го тука презентирањето на olpc-ињата). Имало најголема заинтересираност од страна на нови посетители, како и најдолга дискусија.

Заклучок:
Мојот заклучок е дека тука ни фали повеќе SF, повеќе anime, и повеќе модерна и поп култура. Мислам дека има доволно заинтересирани луѓе, а нема доволно „официјални“ место за размена на информации, знаења и искуства од тие теми.

Се надевам дека ова ќе почне да се реализира преку СподелиКино идната година. Јас сум голем ентузијаст и имам голема надеж и очекувања. :) Ова можеби дека денес е Св. Никола (за некои попознат како Дедо Мраз), време за подготовка за божиќните и новогодишни празници.
И подароци, и љубов, и размена, и споделување. :) уф станав патетична :))
Се гледаме на следното СподелиКино, ќе има големо изненадување и филм поинаков од сè што досега сте виделе. Но, за тоа потоа.

Сите што беа вчера и се задоволни или незадоволни од нешто, имаат некој предлог или забелешка нека пишат коментар, па да пробаме да се подобриме заедно. Јас ветувам дека ќе пишам за моето видување на филмот подетално.

Основната идеја зад настаните под името „Сподели“ е секој да донесе нешто и да покаже. Така сите идеи, како и оваа на Bi за ново кино, се добредојдени. Местото за запишување е викито за слободен софтвер, каде водиме некои забелешки за тоа што би можело да има на кино.

No comments:

Post a Comment