Сподели кино 2.07, 4.12.07 во 20ч [Точка]

Се враќаме со редовна програма во вторник и овој пат имаме две интересни видеа:

1. Интервју со Анина, манекенка/хакерка која објаснува како што сѐ може да се прави со мобилен телефон и како може мобилниот да ви помогне ако имате набиен распоред и брз живот. Навистина интересно интервју од NerdTV, полно со невообичаена проникливост за теми како што се технологијата и секојдневниот живот.


Интервјуто трае околу 1 час и ми се чини дека има титл. Ако не ви се доаѓа во Точка можете да го најдете во архивите на NerdTV (врската погоре).

2. Потоа едно кратко (20-тина минути) предавање од TED од Јан Чипчејс, водечки истражувач и кориснички антрополог во Нокиа.

Да ја цитирам информацијата од TED:
"A trove of mobile trivia, Mr Chipchase (actual job title: principal researcher) knows, first-hand, that burkha-wearing students in Iran cheat in exams using hidden Bluetooth headsets; that 50 per cent of the world’s women keep their phones in their handbags (and miss 30 per cent of their calls); and that most Asian early adopters who watch mobile TV ignore the mobile part and tune in from home" --Times UK
И ова видео го има на Интернет па можете да го гледате дома. Сепак, се надевам на посетеност во Точка.

Од сите досегашни вечери во Точка, оваа е со тема која е можеби најблиска до нашето секојдневие. Огромен број на луѓе во Македонија имаат мобилни, претпоставувам дека ги користат на различни начини и овој настан е можност и да се дискутира на овие теми.

Земете ги мобилните и дојдете во Точка.

4 comments:

  1. УЕПСК - Уште едно празно сподели кино

    ReplyDelete
  2. јас пред околу 1 недела пратив маил до слободен софтвер но немав никаков одговор. ме интересираше дали може да позајмам некоја книга од вашата библиотека со што ете би почнал да ги посетувам овие настани, а во иднина веројатно и би донирал книги.

    илин.
    itatabitovski [at] yahoo [.] com

    ReplyDelete
  3. хм, други работи може не правиме, ама мејлови одговараме :-)

    ReplyDelete
  4. Затоа Анина беше закон, ме фасцинираше нејзината снаодливост со мобилната технологија и услуги.

    Може во секое време да дојде и да има одржи лекција од product placement на нашиве мобилни оператори.

    ReplyDelete