GNU/LInux прва помош во КИКА - 20.02.2012

Утре од 19ч сме во хаклабот КИКА, можете да поминете ако имате било каков проблем со вашата GNU/Linux инсталација или само сакате да не посетите да видите каде се наоѓа хаклабот и да ги запознаете луѓето.

Се гледаме утре!

Сподели знаење сабота од 14часот

И оваа сабота од 14часот редовно сподели знаење во Хаклаб.

Ќе продолжиме со радио енкодер машината што почнавме да ја правиме понеделникот.

Програмски јазици овој четврток во Хаклаб

Редовно и овој четврток од 19 до 21 часот во Хаклаб ќе има Програмски вечери. Што ќе се прави ќе се одлучи на лице место од присутните. Затоа не заборавај да дојдеш.

Паралелно:
- Ќе собираме пари за во сабота на Сподели Знаење да учиме како се
прави Шпанска тортиља. Колку пари ќе собереме толку наминирници ќе купиме, толку ќе праиме. Ако некој има нешто од намирниците во доволно големи количини може да донесе место пари.
- Ќе пробаме да тргнеме на страна целото ѓубре од стар хардвер за да
контактираме со некој од овие како да се справиме со отпадот.

Прва помош, овој понеделник од 19h во Хаклаб + радио енкодер

И овој понеделник 13 февруари од 19 до 21 часот, ако имаш некој проблем со слободниот софтвер на твојот компјутер дојди во Хаклаб заедно да пробаме да го решиме.

Паралелно ќе пробаме да оспособиме компјутер со ТВ/Радио картичка да биде енкодер за Ogg формат од радио фрекфенцијата на Канал103.

Програмски јазици секој четврток (09.02.2012)

Прво ќе пробаме да направиме македонска тастатура за Maliit. Тоа не би требало да одземе премногу време, па веднаш потоа преминуваме на мини-OpenData проектот за вадење корисни информации од (многу лошите) документи во кои е објавен буџетот на Р.М. На крајот во доцните часови, алгоритми vs програмери, војната на милениумот. Дебата и аплицирање алгоритми на жолто ламборџини.

Понеделник, 6.02.2012 Linux прва помош

Како и секој понеделник, така и овој, терминот од 7 до 9 во хаклабот е резервиран за помош за почетници. Ако сте имале проблем со инсталација или драјвери, или пак ви треба основен вовед за снаоѓање и сл. или пак сакате да се напиете топло филтер кафе (чај) не
се срамете, тука сме.

Ако нема „клиенти” може да дебатираме за разликата меѓу пермисивните и реципроцитетните лиценци за слободен софтвер или да го досредиме новиот хаклаб сервер.

Програмски вечери - 02.02.2012

Оваа недела во терминот за програмски јазици, почнуваме една нова серија на средби посветени на Qt C++ Framework од Trolltec (Nokia). Qt е повеќе платформски C++ GUI framework. Многу е интерсен затоа што е многу убаво документиран, лесен за учење, релативно лесно портабилен на нови платформи, работи како на десктопи (GNU/Linux, MacOS X, m$ windows) и на мобилни телефони (Symbian, Android, MeeGo). Своите познавања за Qt, QML, Qt Quick ќе ни ги сподели Тони Јованоски кој е Qt Ambassador. Средбата почнува стандардно во 19:00 часот.

Ажурурано: GNU/Linux и Убунту Прва Помош во понеделник, 30.01.2012

Како и секој друг понеделник, така и овој, ќе се наоружаме со наполитанки и различни софтверски алатки кои се слободен софтвер и ве очекуваме да дојдете да се дружиме и да ви помогнеме да ги решите вашите проблеми со GNU/Linux, Ubuntu, Android... Тоа е стандардната редовна активност, гарант ќе излезе и нешто друго интересно. Затоа, спакувајте си ги лаптопите и се гледаме на дружба утре во Хаклаб 2.0 :) За малку ќе заборавев имаме нов ентериер во хаклабот, прекрасни маси и столчиња кои чекаат да бидат сефтосани https://imgur.com/a/gg5Fb

Како поминавме: Имавме гостин од една компанија, со него се правеше муабет за можна соработка и поправивме еден Android HTC Wildfire S на кој неможеше да се инсталираат нови апликации. Покрај ова се вртеше и редовниот гиковски муабет :)

Сподели знаење, 28.01.2012

Утре редовно од 12 часот, сподели знаење во КИКА.

На програмата имаме презентација за uWSGI - Best Practise од страна на Дамјан, а останатот време ќе го пополниме со рандом() презентации.

Воедно утре ќе имаме и Open Economics Hack Day по програма која што може да се најде тука : http://piratepad.net/JaFgzk2uN6

Како и секогаш, присуството е задолжително, а кафето бесплатно :)

Се гледаме утре!

ПС: Доколку некој сеуште незнае каде се наоѓа новиот хаклав, мапа:


Кликнете тука за поголема мапа.




Поддржано од
Град Скопје